Три македонски претставници – Mеталург Автокоманда, Чаир и Куманово, денеска ќе одиграат меѓународни натпревари во ЕХФ Европскиот Куп.
Металург Автокоманда ќе игра со Диферданж од Луксембург два пати на домашен терен и ќе биде фаворит за пласман во третото коло. Натпреварите се закажани денеска и утре од 15:00 часот, а влезот во Автокоманда е слободен за сите љубители на ракометот.
Чаир има негатива од три гола по првиот меч со словенечката Ајдовшчина, 27-24, но чаирчанки покажаа дека може да му парираат на овој ривал и сигурно ќе имаат то да кажат и покажат на реваншот. Влезот за мечот од 19:00 часот во СЦ „Јане Сандански“ е слободен.
Куманово ќе има најтешка задача во битката за следна рунда. Литванскиот првак Каскада славеше со 32-25 во првата средба, но Куманово не заслужи висок пораз. Влезот за дуелот од 19:00 часот во градската сала во Куманово е слободен, а поддршката за девојките на Славиша Димитријески ќе биде неопходна во битката за висока победа.