Поповски даде десет гола, Аеродром загуби во Автокоманда

Тимот на „витамините“ од Автокоманда запиша трета победа во третиот натпревар од прволигашкото друштво, откако славеше против Аеродром со 34-27.

Кадетскиот репрезентативец Бобан Поповски беше најрасположен за голови и постигна десет гола во мрежата на гостите.

Победата беше обезбедена уште во првото полувреме, кога домаќините направија одлична залиха од осум погодоци, 19-11.

Во вториот дел Аеродром пружи поголем отпор, најчесто се играше гол за гол, но сепак немаше големи возбудувања во поглед на резултатот.

Покрај Поповски, во победничкиот тим се истакна Симоноски и Ковачевиќ со по четири гола, додека кај Аеродром најдобар беше Христовски со шест гола, а Марковски даде пет.

Во следното коло Аеродром ќе игра дома со Преспа, додека „витамините“ ќе гостуваат кај Кичево.