Денеска на македонските терени ќе се одиграат три меча – еден од Супер машката лига и два од Првата машка лига.
Во Прилеп, домашниот тим ќе игра против Струга, а стратегот Наум Танески ќе мора да крои победничка тактика против неговиот поранешен клуб.
Прилепчани загубија убедливо во Автокоманда, додека стружани на мечот со Радовиш ги запишаа првите суперлигашки бодови, па нема да одат со бело знаме во Прилеп.
Во Првата лига, Аеродром ќе гостува кај „витамините“ во Автокоманда, додека Вардар Неготино по поразот во Богданци ќе се обиде да се врати на победничките патеки во мечот со Јехона.
Настапи во своите шампионати ќе имаат македонските интернационалци Дарко Димитриевски, Мартин Карапалевски, Михајло Младеновиќ…
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
16:30 МУЛТИ ЕСЕНС – АЕРОДРОМ (МАКЕДОНИЈА)
18:00 ПРИЛЕП – СТРУГА (МАКЕДОНИЈА)
19:30 ВАРДАР НЕГОТИНО – ЈЕХОНА (МАКЕДОНИЈА)
19:00 ЛА РИОХА – АЛИКАНТЕ (ШПАНИЈА)
21:00 ТОРЕЛАВЕГА – ВАЉАДОЛИД (ШПАНИЈА)
20:30 БЕЗАНСОН – КРЕТЕЈ (ФРАНЦИЈА)