Maкедонската интернационалка Ивона Трпевска, ќе го има вториот интернационален предизвик во кариерата.
Трпевска, која долго време беше дел од Вардар, во новата сезона ќе настапува за германскиот состав Аполда.
Таа може еднакво добро да одговори и на левата и на десната крилна позиција, а нејзините квалитети минатата сезона ги покажа и во Хрватска.
Трпевска со успех настапуваше за тимот на Далматинка, а сега ќе има шанса да игра и во една од најракометните земји во светот.