Никола Митревски имаше 10 одбрани на мечот, од што и два седмерци, некои од тие одбрани во клучни моменти кога Вардар можеше резултатски да се одлепи. Но, на крај македонското дерби заврши во корист на Вардар, 31-28 против Еурофарм Пелистер.
„Црвено-црните“ имаа стопостотен учинок од пет победи во првенството, од што и два против директните конкуренти, Охрид и сега Еурофарм Пелистер. На дуелот во „Јане Сандански“ домаќините не дозволија да им се случи „јуни 2025“ кога ја загубија титулата.
„Го контролираа цел меч, од сам почеток. Не добија на наши грешки, многу дуели ги добија, речиси сите „еден на еден“. Можеби ни требаше поцврста одбрана. Имавме шанса за водство, ама потоа со контри го решија мечот, вели Никола Митревски голманот на Еурофарм Пелистер.
Имаше доста прекини на натпреварите, кои гостите не успеаја да ги искористат да се смират, да сметат нешто во играта.
„Не го искорстивме тие прекини што ги имаше. Заслужена победа на Вардар. Првенството е долго. Има доста оваа сезона за играње, има четири екипи што се конкурентни. Нема никаде да биде лесно. Секој некаде може да се лизне, вели Митревски. „Ако се успее нешто да се чепне е добро. Дојдовме и тука за да играме, но не успеавме.