Малус: За вакви натпревари дојдов во Вардар!

По трите порази во претсезоната од шампионот Еурофарм Пелистер, ракометарите на Вардар се израдуваа на прва победа против битолчани, 31-28.

Словенечкиот среден бек Јака Малус беше меѓу најдобрите на теренот во „СЦ „Јане Сандански“ и се израдува на прва дерби победа во Македонија.

„За вакви натпревари дојдов во Вардар. Пред стартот на сезоната едвај ги чекав овие дерби натпревари и полна сала. Кога играв за Целје и Брест Мешков, цела сала беше против мене, но сега беше за мене и за мојата екипа. За ова се игра и за ова се тренира, за вакви натпревари и вакви победи“, вели Малус.

Тој потенцира дека немаше да биде исто ако не беа навивачите на трибините.

„Целата сезона игравме сами против себе, правиме некои глупави грешки и ги враќавме ривалите во игра. Во Кавадарци првото полувреме беше одлично, потоа во вториот дел направивме грешки, кои сега на овој дуел со Еурофарм Пелистер не си ги дозволивме и одигравме одлично 60 минути. Секако дека немаше да биде исто без поддршката од нашите верни навивачи“, заврши Малус.

Следен предизвик за Вардар ќе биде гостувањето кај Радовиш, додека пред стартот на Лигата на Европа ќе имаат домашен меч со Прилеп.

Вардар го „сруши“ шампионот во Скопје

Чупиќ: Играчите и публиката го покажаа големото срце на Вардар!