Вардар ќе го игра остатокот од дербито со Еурофарм Пелистер без Вуко Борозан кој во 11 минута доби диркетен црвен картон. Судиите му доделија најстрога казна поради старт врз Филип Кузмановски.
Вардар водеше со 7-5, а при еден старт судиите сметаат дека стартот на Борозан бил директно во главата на ривалот. Имаше мали искри меѓу играчите, но брзо се се смири.
Вардар сака да ја прекине серијата од три меча без победа над битолскиот тим, и да ја продолжи победничката серија во домашното првенство.