Металург Автокоманда се загреа за европските настапи – убедлив триумф над Куманово

Македонскиот вицепрвак Металург Автокоманда славеше убедливо против Куманово со 37-18 во натпреварот од 3 коло во Супер женската лига.

Победникот беше решен уште кога домаќинките поведоа со 12-1 по петнаесетина минути игра и понатаму се беше само рутински одработена задача.

На паузата беше 18-8, во второто полувреме се измешаа составите на двете екипи, но и покрај тоа разликата во корист на тимот на Дамчевска се зголемуваше.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Марија Јанкуловска и Ива Божиноска со по пет погодоци, додека кај Куманово осум гола даде Маријана Азеведо.

Металург Автокоманда в сабота и недела го очекува двомечот со Диферданж од Луксембург од ЕХФ Европскиот Куп, додека Куманово в сабота ќе игра реванш со литванската Каскада.