ПИОНЕРКИ: Шампионот убедлив против Охрид, Атанасовска го водеше Вардар до триумф

Изминатиот викенд се комплетираше второто коло во пионерска женска лига со одиграните шест натпревари на кои имаше очекувани резултати.

Металург Автокоманда предводен од Деана Величковска со девет голови оствари висок триумф на гости кај Спартак, додека Вардар ја совлада Јехона со десет погодоци, а најдобра беше Варвара Атанасовска со шест гола.

Штипски Астибо, кој минатата сезона играше на Ф4 турнирот, славеше на гости кај Струга, а Ана Марија Накова запиша половина од головите на победникот – вкупно девет.

Чаир немаше проблеми на гостински терен кај Кале Кичево, исто како и Илинден Вардар, кој победи кај Шампион со 22-8. Јована Костова и Андреа Велковска комбинираа 15 погодоци кај Илинден Вардар.

Шампионот Ѓорче Петров славеше убедливо против Охрид, а прими само два гола во првото полувреме.

Пионерки, 2 коло, резултати:

Струга – Астибо 15-18
Спартак – Металург Автокоманда 9-31
Ѓорче Петров – Охрид 35-7
Вардар – Јехона 19-9
Шампион – Илинден Вардар 8-22
Кале Кичево – Чаир 6-23

Табела: 1. Металург Автокоманда 4, 2. Ѓорче Петров 4, 3. Астибо 4 и 4. Вардар 4, 5. Чаир 3, 6. Струга 2, 7. Илинден Вардар 2, 8. Кале Кичево 1, 9. Јехона 0, 10. Шампион 0, 11. Спартак 0, 12. Охрид 0