ИДЕАЛЕН ТИМ НА 4. КОЛО OД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во есенскиот дел од сезоната.

На крајот од сезоната повторно ќе ја избереме иделната седморка, а во меѓувреме за секое коло ќе ви дадеме можност да го изберете најдобриот играч во идеалниот тим што го предлага тимот на 24Ракомет.

Ние ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 4 коло од суперлигашката конкуренција.

Едноставно, гласајте за ракометарот за кој сметате дека бил меѓу најдобрите и го одбележал ова коло.

Meѓу номинираните за ова коло има двајца ракометари од шампионот Еурофарм Пелистер, како и по еден од Вардар, Бутел Скопје, „сино-белиот“ тим од Автокоманда, Охрид и Прилеп.

За МВП на колото ќе можете да гласате до четврток до 12 часот.

Супер лига, 4. коло, резултати:

РАДОВИШ – АЛКАЛОИД 23-35 (ИЗВЕШТАЈ)
ПРИЛЕП – ПРОЛЕТ 35-33 (ИЗВЕШТАЈ)
КУМАНОВО – БУТЕЛ СКОПЈЕ 24-27 (ИЗВЕШТАЈ)
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – ОХРИД 22-25 (ИЗВЕШТАЈ)
ТИКВЕШ – ВАРДАР 25-30 (ИЗВЕШТАЈ)
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – СТРУГА 45-24 (ИЗВЕШТАЈ)

СПОРЕД ВАС КОЈ Е НАЈКОРИСЕН РАКОМЕТАР НА 4. КОЛО ВО МАШКАТА СУПЕР ЛИГА?

Филип Николов - десен бек - Бутел Скопје
27.50%
Дмитро Горига - лев бек - Вардар
20.00%
Марко Стојковиќ - пивот - Алкалоид
17.50%
Денис Шабановиќ - десно крило - Прилеп
12.50%
Мирче Калајџиески - среден бек - Еурофарм Пелистер
12.50%
Никола Митревски - голман - Еурофарм Пелистер
7.50%
Гоце Ојлески - лево крило - Охрид
2.50%

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 4. КОЛО ОД СУПЕРЛИГА

Голман: Никола Митревски (Еурофарм Пелистер) – Чуварот на мрежата имаше повеќе од 50% успешност на одбранети удари.

Лево крило: Гоце Ојлески (Охрид) – Левото крило ги водеше „гладијаторите“ до триумф во Битола.

Лев бек: Дмитро Горига (Вардар) – Украинецот имаше осум погодоци во мрежата на Тиквеш.

Среден бек: Мирче Калајџиески (Еурофарм Пелистер) – Средниот бек и погодуваше и асистираше во триумфот на Струга.

Десен бек: Филип Николов (Бутел Скопје) – Велешанецот ја продолжува одличната форма и беше меѓу најдобрите во победата кај Куманово.

Десно крило: Денис Шабановиќ (Прилеп) – Десното крило беше меѓу предводниците во триумфот над Пролет со 11 погодоци.

Пивот: Марко Стојковиќ (Алкалоид) – Кружниот напаѓач беше меѓу најдобрите поединци на мечот со Радовиш.