Сања Дабевска има нов предизвик – ќе игра во Србија

Македонската интернационалка Сања Дабевска во новата сезона ќе игра во амбициозен клуб од српскиот шампионат.

Таа ќе биде дел од тимот на Бор, откако минатата сезона ја помина во составот на Галаци во Романија.

Дабевска претходно ги бранеше боите на Локомотива Загреб и ПАОК Солун, каде што освои шампионска титула, а со хрватскиот тим беше дел и од Лигата на шампионите.

Кружниот напаѓач во Македонија играше за Металург, Куманово и Пелистер, а беше дел и грчкиот Јонијас, романските Униреа Слобозиа и Четате Дева, како и унгарскиот Дунајварош.

Таа веќе дебитираше за српскиот тим и постигна три погодоци од пет обиди во триумфот на Бор против Рума со 35-22.