Еден од најголемите таленти на светскиот ракомет, 19-годишниот Никола Рогановиќ, кој во 2023 година настапуваше на турнирот во Струга со екипата на Гуиф, го избра својот прв клуб во странство – германскиот Гумерсбах.
Левиот бек, кој веќе дебитираше за сениорската репрезентација на Шведска и го понесе МВП признанието на Европското првенство за кадети во 2024 година, беше мета на големи клубови, меѓу кои Барселона и Веспрем.
Сепак, одлуката падна на Гумерсбах, каде ќе го наследи Јулијан Костер, кој од следната сезона ќе настапува за Кил.
Македонската публика имаше можност да го види Рогановиќ во живо во Струга, кога неговиот татко, легендарниот ракометар и поранешен селектор на Црна Гора – Зоран Рогановиќ, беше тренер на шведскиот клуб ГУИФ.
Рогановиќ потпиша договор на три сезони и од Малме се сели во Бундес лигата идното лето.