Европската ракометна федерација ги објави составите на Чаир и Млинотест Ајдовшчина за првата пресметка во ЕХФ Европскиот Куп.
Стратегот на Чаир, Басри Љатифи, нема да смета на тунискиот лев бек Тахани Аммар, но тука се сестрите Мифтари, Величковска, Фереира, Трајковиќ, триото голмани Митровиќ, Којовиќ и Кирова…
Останатиот дел од тимот е подготвен да му се спротистави на незгодниот словенечки состав, кој лани беше зад Крим на табелата.
Натпреварот меѓу Ајдовшчина и Чаир се игра вечерва во СРЦ „Полице“ со почеток во 19:00 часот.