Не еден, не двајца: Мустафа со тројца противкандидати на изборот за претседател на ИХФ!

По изборите во Европската ракометна федерација, следуваат избори и во Светската куќа на ракометот.

Веќе е завршено пријавувањето на новите кандидати за сите позиции во ИХФ, а тие ќе бидат избрани или реизбрани на претстојниот конгрес.

Најголемо внимание привлекува трката по претседателското место, а за разлика од претходните избори, сега Хасан Мустафа ќе има дури тројца противкандидати.

Станува збор за Германецот Герд Буцек, Холанѓанецот Тјарк Де Ланг и Словенецот Фрањо Бобинац. Иако имаше шпекулации и за кандидатура на Русинот Сергеј Шишкарев, сепак тој нема да влезе во трката.

Конгресот на ИХФ на кој ќе биде решено дали Мустафа ќе добие нов претседателски мандат или светскиот ракомет ќе добие нов предводник, ќе се одржи од 19 до 22 декември во Каиро.