Познати судиите за европските пресметки на Чаир и Куманово

Европската ракометна федерација ги одреди официјалните лица за натпреварите на Чаир и Куманово во ЕХФ Европскиот Куп.

Куманово ќе игра со литванскиот тим Каскада, а првиот натпревар во Гарлијава се игра утре од 16:00 часот. Ќе го судат Сабијен Вебер и Денис Веинкин од Луксембург, додека делегат е Словакот Игор Карлубик.

Реваншот е на програмата на 4 октомври од 19:00 часот во градската сала во Куманово, а ќе го судат Марко Ди Доменико и Лорнцо Форнасиер, додека делегат ќе биде Гркот Степан Партемијан.

Чаир ќе се соочи со словенечката Ајдовшчина, а првиот натпревар што се игра утре од 19:00 часот им е доверен на романските арбитри Дору Манеа и Раду Илиески, додека делегат ќе биде Тијана Мартиновиќ од Босна и Херцеговина.

Реванш натпреварот ќе се игра на 4 октомври од 19:00 часот во малата сала на СЦ „Јане Сандански“. Ќе го судат Генц Бујупи и Гетоар Бујупи од Косово, а делагат е Христос Мутас од Кипар.