Арсениевска ефикасна, Кошалин загуби од Елблаг

Тимот на Кошалин, каде што игра македонската репрезентативка Ивана Арсениевска, загуби во полскиот шампионат.

Кошалин на домашен терен беше поразен од составот на Старт Елблаг со 33-30, откако и на паузата имаше негатива од три гола, 18-15.

Арсениевска беше меѓу најдобрите во поразениот состав и успеа да погоди четири пати во противничките мрежа.

Во следното коло, Арсениевска и Кошалин ќе гостуваат кај тимот на Рух Хорзов, во потрага по првиот сезонски триумф.