Барса носи двајца капиталци – купува од Магдебург и ПИК Сегед!

Каталонскиот гигант Барселона веќе работи на ростерот за следната сезона, во која ќе ги загуби Емил Нилсен и Домен Макуц.

Според „Мундо Депортиво“, договор е веќе потпишан со исландскиот репрезентативен плејмејкер, Јанус Дади Смарасон.

Членот на ПИК Сегед се договори за соработка до 2029 година, а на ист рок потпиша и чуварот на мрежата на европскиот првак Магдебург, Сергеј Ернандез.

Смарасон во моментов игра за унгарскиот вицепрвак, а претходно настапуваше заедно со Ернандез во германскиот тим.