Угледниот германски медиум Билд го објави рангирањето на германските репрезентации во олимписките екипни спортови.
Машката ракометна репрезентација го зазеде третото место, додека женската репрезентација е на седмата позиција.
На врвот е машката кошаркарска репрезентација, која во септември ја освои титулата на Европското првенство 2025.
Интересно, машката фудбалска репрезентација е само осма.
Рангирање на најдобрите национални тимови на Германија според Билд:
1.Машка кошаркарска репрезентација – злато на СП 2023, 4. место на ОИ 2024, злато на ЕП 2025
2.Машка репрезентација во хокеј на трева – злато на СП 2023, сребро на ОИ 2024, злато на ЕП 2025
3.Машка ракометна репрезентација – сребро на ОИ 2024, 4. место на ЕП 2024, 6. место на ЕП 2025
4.Женска фудбалска репрезентација – полуфинале на ЕП 2025, бронза на ОИ 2024
5.Женска репрезентација во хокеј на трева – сребро на ЕП 2025, 6. место на ОИ 2024, 4. место на СП 2022
6.Женска кошаркарска репрезентација – 7. место на ОИ 2024, 5. место на ЕП 2025
7.Женска ракометна репрезентација – 8. место на ОИ 2024, 6. место на СП 2023, 7. место на ЕП 2024
8.Машка фудбалска репрезентација – 1/4 финале на ЕП 2024, групна фаза на СП 2022, осминафинале на ЕП 2020
9.Машка одбојкарска репрезентација – 6. место на ОИ 2024, 15. место на СП 2022, 9. место на ЕП 2023
10.Машка хокеарска репрезентација (на мраз) – 9. место на СП 2025, 6. место на СП 2024, сребро на СП 2023


























