Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во есенскиот дел од сезоната.
На крајот од сезоната повторно ќе ја избереме иделната седморка, а во меѓувреме за секое коло ќе ви дадеме можност да го изберете најдобриот играч во идеалниот тим што го предлага тимот на 24Ракомет.
Ние ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 3 коло од суперлигашката конкуренција.
Едноставно, гласајте за ракометарот за кој сметате дека бил меѓу најдобрите и го одбележал ова коло.
Meѓу номинираните за ова коло има по еден ракометар од Еурофарм Пелистер, Вардар, Бутел Скопје, „сино-белиот“ тим од Автокоманда, Еурофарм Пелистер 2, Пролет и Тиквеш.
За МВП на колото ќе можете да гласате до петок до 12 часот.
Супер лига, 3. коло, резултати:
АЛКАЛОИД – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 33-33 (ИЗВЕШТАЈ)
ПРОЛЕТ – РАДОВИШ 27-24 (ИЗВЕШТАЈ)
БУТЕЛ СКОПЈЕ – ПРИЛЕП 35-30 (ИЗВЕШТАЈ)
КУМАНОВО – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 28-30 (ИЗВЕШТАЈ)
ВАРДАР – ОХРИД 33-31 (ИЗВЕШТАЈ)
СТРУГА – ТИКВЕШ 23-26 (ИЗВЕШТАЈ)
ИДЕАЛЕН ТИМ НА 3. КОЛО ОД СУПЕРЛИГА
Голман: Иван Галевски (Алкалоид) – Чуварот на мрежата беше меѓу најдобрите поединци во тимот на Лазаров на дербито со шампионот.
Лево крило: Давор Палевски (Пролет) – Левото крило беше најдобар стрелец на натпреварот против радовишани.
Лев бек: Филип Кузмановски (Еурофарм Пелистер) – Македонскиот репрезентативец ја продолжи одличната форма и на гости во Автокоманда.
Среден бек: Петар Цветковски (Тиквеш) – Средниот бек и погодуваше и асистираше во триумфот кај Струга.
Десен бек: Димитар Узунчев (Бутел Скопје) – Талентираниот гевгеличанец постигна шест гола и беше меѓу најдобрите против Прилеп.
Десно крило: Ненад Белистојаноски (Еурофарм Пелистер 2) – Десното крило беше меѓу предводниците во триумфот кај Куманово.
Пивот: Виктор Јанковски (Вардар) – Кружниот напаѓач од Полска имаше одличен настап во дербито против Охрид.