Екипата на Еурофарм Пелистер 2 успеа да издржи на гостувањето во Илинден и да се врати со два бода, по триумфот 25-24. Целиот меч беше израмнет, особено во второто полувреме кога битолските ракометари го зачуваа водството што го имаа.
Во 56 минута домашните израмнија на 23-23, а потоа гостите со два гола зголемија на 25-23. На 20 секунди пред крај Петре Петровски намали на 24-25, но немаше време за пресврт.
Кај гостите, Андреј Дамчевски со 9 гола и Даниел Христовски со 7 беа најефикасни кај гостите. Кај домашните Никола Павловски постигнаа 5 и Милан Стојевски 4 гола.
Највисока победа оствари Вардар кој со 40-20 триумфираше кај Радовиш. Мечот од група А, меѓу Овче Поле – Мулти Есенс е закажан за утре.
РЕЗУЛТАТИ
Група А
Радовиш – Вардар 20-40
Илинден Вардар – Еурофарм Пелистер 2 24-25
Младост – Текстилец 34-32
23/09, 17:30, Овче Поле – Мулти Есенс
ТАБЕЛА
Вардар, Еурофарм Пелистер 2 по 4 бода, Овче Поле, Мулти Есенс, Младост сите по 2 бода, Текстилец, Илинден Вардар и Радовиш без бодови.
Група Б
Струга – Прилеп 32-36
Пролет – Македонија ЃП 37-27
Алкалоид – Охрид 23-20
Преспа – Еурофарм Пелистер 22-32
ТАБЕЛА
Пролет, Еурофарм Пелистер и Прилеп сите по 4 бода, Алкалоид и Охрид по 2 бода, Македонија ЃП, Струга и Преспа без бодови.