Хосни му донесе бод на Еурофарм Пелистер во Автокоманда

Осама Хосни со гол во последните секунди му донесе реми на Еурофарм Пелистер, 33-33 на гостувањето во Автокоманда, оставајќи го тимот на Кире Лазаров со втор кикс сезонава на домашен терен, по ремито со Охрид. На табелата води Вардар со 6 бода, а Еурофарм Пелистр 3 втор со пет. Бутел, Алкалоид и Пролет имаат по четири бода.

На 90 секунди до крај на мечот домашниот тим во Автокоманда имаше предност од 33-31. Гостите намалија, а Кирил Лазаров побара тајмаут на 15 секунди до крај, и меѓу другите совети им порача на играчите да внимаваат да не направат грешка и да примат гол. Наместо само да ја задржат топката, се случи спротивното. Ја загубија топката и останаа седум секунди до крај.

Рубен Гарабаја побара тајмауат, и Осама Хосни виде можност за влезе во средината ја искористи и постигна гол, кој е голем и важен сличен како и победа. Сезонава во разигрувањето се пренесуваат и сите бодови од регуларниот дел на сезоната, па затоа е важен секој освоен бод. Сега „сините“ ќе мораат да бараат место како ќе се вадат за двата кикса.

Гостите само на почеток на мечот поведоа со 1-0, а потоа „сините“ ја имаа резултатската контрола, и на моменти водеа со 3-4 гола. Во последните пет минути домашните имаа водство 30-28. Успеа да се одбрани Еурофарм Пелистер иако имаше и два играчи помалки по исклучувањата на Хагбард и претходно Манасков. Но, во последните 30 секунди кога беше најважно, беа комплетни.

Кај гостите Филип Кузмановски постигна 10 гола од 13 обиди, а по 6 дадоа Манасков и Хакбарт. Кај домашните, седум гол апостигна Тордарсон, а еден помалку Дамјан Митев.

Во следното коло Еурофарм Пелистер е домаќин на Струга, а “сините“гостуваат во Радовиш.