Блесокот на Павлов недоволен за „македонскиот“ Холабрун во Австрија

Тимот на Холабрун, кој важи за македонска колонија во Австрија, загуби во третото коло од тамошниот шампионат.

Холабрун беше поразен на гостински терен кај Ферлах со 45-36, откако и на полувремето губеше со 24-16.

Во составот предводен од Влатко Митков, најистакнат поединец беше десниот бек Хари Павлов со девет голови.

Вториот Македонец во Холабрун, Филип Арсеновски доби црвен картон и не можеше да му помогне на својот тим.

Во следното коло од австрискиот шампионат Холабрун ќе игра на домашен терен против Фајверс.