Во Германија се е транспаретно – еве на кои играчи им завршуваат договорите следното лето

За разлика од Македонија, каде клубовите најчесто кријат информации за договорите со играчите и нивната должина, во Германија владее целосна транспарентност.

Тоа овозможува навивачите и јавноста на време да знаат кои ракометари ќе бидат слободни на пазарот и кои клубови мораат да преговараат за продолжување.

Новата сезона во Бундес лигата веќе започна, но управите на клубовите веќе гледаат кон иднината и рзмислуваат за следните сезони.

Дел од најголемите имиња во германскиот ракомет имаат договори што истекуваат во летото 2026 година, што ќе ја направи наредната трансфер година исклучително возбудлива.

  • Дејан Милосављев (Фуксе Берлин) – српскиот голман и поранешен член на Вардар е едно од најатрактивните имиња меѓу играчите со договор што истекува.

  • Домагој Дувњак, Магнус Ландин, Хендрик Пекелер, Никола Билик (Кил) – целиот костур на „зебрите“ може да се најде пред важни преговори.

  • Јоханес Гола (Фленсбург) веќе е најавен како ново засилување на Мелзунген, што значи дека клубот ќе мора да бара нов лидер во одбраната.

  • Патрик Грецки (Рајн Некар Левен) ќе ја заврши кариерата во 2026 година.

  • Сергеј Ернандез, Кристијан О’Саливен, Оскар Бергендал (Магдебург) исто така се на списокот, што би можело да донесе големи промени во шампионскиот состав.

Покрај овие големи ѕвезди, повеќе од 100 играчи од сите клубови имаат договори кои истекуваат во 2026 година – меѓу нив и искусни имиња како Силвио Хајневетер (Ајзенах), Марсел Шилер (Гепинген), Аксел Хорген (Фленсбург), како и голем број млади таленти.

Со оглед на тоа што првите потписи за 2026 веќе се потврдени (на пример, трансферот на Јулијан Костер од Гумерсбах во Кил), јасно е дека клубовите немаат многу време за размислување.

Преговорите со клучните играчи мора да започнат наскоро, бидејќи во спротивно постои ризик да заминат без обештетување. Следното лето може да донесе една од најбурните трансфер-периоди во историјата на Бундес лигата.

Сите договори на играчи кои истекуваат во 2026:

Бергишер: Ноа Бајер, Елиас Шолтес, Робин Гранлунд, Лукас Дидрих, Јаник Фрац, Томаш Бабак, Јошуа Тиле, Елои Моранте Малдонадо, Јулијан Фукс, Арон Сесинг, Јоханес Василевски, Луис Оберослер

Гепинген: Јулијан Бухеле, Марсел Шилер, Рутгер Тен Велде, Тим Госнер, Оскар Нојдек, Оскар Сунефелдт, Лудвиг Халбек, Давид Шмит, Лудвиг Јурмала Астром

Фуксе Берлин: Дејан Милосављев, Валтер Кринц, Лукас Хербургер, Ласе Андерсон

Минден: Тибор Иванишевиќ, Кено Данценбехер, Флоријан Кранцман, Матс Корте, Ласе Франц, Никлас Хајткемп, Филип Ворличек, Јан Малте Дикман, Јакуб Штерба, Том Бергнер, Михаел Шулц

Ерланген: Дарио Квенштед, Доријан Кнезевиќ, Калифа Гедбан, Јаник Биаловас, Кристофер Бисел, Хампус Олсон, Милош Кос, Марек Нисен, Сандер Оверјордeт, Давид Сехнке, Кристоф Штајнeрт, Флоријан Шерер

Вецлар: Анадин Суљаковиќ, Лион Захариас, Тицијан Вајмер, Јона Шох, Ноел Хефнер, Том Волф, Доминик Мапес, Џастин Милер, Немања Зеленовиќ, Стефан Чавор

Хамбург: Мохамед Ел Тајар, Каспер Улрих Мортенсен, Бен Леверман, Јакоб Ласен, Никлас Велер, Максимилијан Бота

Мелзунген: Ласло Бартуч, Павел Кравчик, Флоријан Дростен, Марти Солер, Димитриј Игнатов, Леон Штел, Александар Кавалканти, Владислав Кулеш, Мохамед Амин Дармул, Николaј Ендерлајт, Јонас Рике, Адријан Сипос, Арнар Фрејр Арнарсон, Бруно Ајкхоф

Рајн Некар: Мајк Јенсен, Патрик Грецки, Роберт Тимермeјстер, Лукас Сандел, Стивен Јакобсен

Лајпциг: Доменико Ебнер, Симон Ернст, Лукас Кржикала, Лукас Биндер, Ахмед Каири, Вилијам Богојевиќ, Франц Семпер, Лука Роган, Блер Хинриксон, Том Кошек

Магдебург: Сергеј Ернандез, Мануел Зендер, Даниел Петерсон, Тим Хорнке, Кристијан О’Саливан, Себастијан Бартолд, Оскар Бергендал

Фленсбург: Аксел Хорген, Тило Кнутсен, Јоханес Гола, Лукас Јоргенсен

Лемго: Урх Кастелиц, Фредерик Симак, Самуел Зендер, Жарнес Фауст

Ајзенах: Силвио Хајневетер, Тимоти Рајхмут, Гиан Атeнхофер, Фин Хангштајн, Филип Мајер, Јанис Шнајбел, Макс Бенеке, Петер Валц

Кил: Рунe Дамке, Магнус Ландин, Бенце Имре, Домагој Дувњак, Никола Билик, Петер Оверби, Хендрик Пекелер, Леон Новотни

Хановер: Ханес Фајзе, Мариус Штајнхаузер, Јонатан Едвардсон, Синдре Ахо, Вилхелм Поулсен, Томас Солстад, Луис Родригез

Штутгарт: Иван Шнајдер, Јонас Трухановичиус, Лени Рубин, Макс Хефнер, Торбен Мацкен, Џанфранко Прибетич

Гумерсбах: Бертрам Облинг, Тилен Кодрин, Јулијан Костер, Оле Преглер, Тејтур Ејнарсон