Десниот бек од Куба, Јоел Куни Моралес, во претстојната сезона ќе се пресели во Асобал лигата.
Екс ракометарот на Вардар си замина од израелскиот Хапоел Ришон Ле Зион и потпиша договор со Уеска.
Таму ќе биде замена за повредениот некогашен член на Струга и Еурофарм Пелистер 2, Мерис Бошњак.
Моралес играше за Порто, Аванка, Мадеира, потоа за француските Иври и Данкерк, а по заминувањето од Вардар една сезона мина во Загреб.