Македонската репрезентативка Моника Јанеска Килдан го водеше нејзиниот Трабзон Ортахисар до реми кај фаворитот Бурса.
Трабзон Ортахисар успеа да извлече нерешено, 29-29, а најмногу по заслуга на средниот бек од Македонија.
Јанеска Килдан успеа да постигне седум погодоци и беше најефикасна во гостинскиот тим. Нејзиниот тим губеше со пет гола, 17-12, но успеа да направи голем камбек.
Во домашниот тим на Бурса, некогашната членка на Кометал Ѓорче Петров, Јелиз Озел, постигна пет погодоци.