Почина судијата што ги судеше двете финалиња на Вардар во Лигата на шампионите

Еден од судиите што беше дел од двете финалиња во Келн, кога Вардар стана првак во Лигата на шампионите, Маркус Хелбиг, почина утринава.

По долгата и тешка борба со најподмолната болест, Хелбиг, почина на 53-годишна возраст, откако мораше да ја заврши судиската кариера во 2021 година.

Тој судеше заедно со Ларс Геипел од 1993 до 2021 година, а во текот на кариерата судеа на повеќе од 600 натпревари под капата на германската федерација и повеќе од 250 натпревари на меѓународна сцена.

Хелбиг и Геипел ги судеа финалните натпревари на Ф4 во Келн во 2017 меѓу Вардар и ПСЖ и во 2019 година меѓу Вардар и Веспрем, кога „црвено-црните“ ги освојуваа европските титули.

Судеа во Келн кога Вардар ги освои титулите, сега ја завршуваат кариерата