Поранешната македонска ракометарка Теодора Гулицоска, ова лето стави крај на играчката кариера и отвори ново животно поглавје.
Таа стапи во брак со нејзиниот избраник Стефан Мечкароски, а на свадбата во најпознатиот хотел во Струга беа присутни многу гости.
Гулицоска потекнува од надалеку познатата школа на Стружанка, во Македонија ги бранеше боите на Металург, Чаир и Металург Автокоманда.
Беше меѓу најдобрите стрелци во лигата, но реши (пре)рано да заврши со ракометот.