Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер активно работи на задржувањето на младите домашни ракометари во иднина.
По браќата Павле и Петар Атанасијевиќ, кои ги продолжија договорите до 2028 година, следен на листата е Мирче Калајџиески, кој се обврза на верност до 2029 година.
„Во линија на продолжувањето на договорите со браќата Атанасијевиќ, денес ја информираме јавноста за уште еден важен потпис за сегашноста и иднината на нашиот клуб. Мирче Калајџиески се обврза на верност со Еурофарм Пелистер до јуни 2029 година, со што ја прифати подадената „рака“ од клубот да биде дел од следниот проект“, напишаа од битолскиот клуб.
21-годишниот среден бек од Словенија дојде во Битола и веднаш се наметна во дресот на Еурофарм Пелистер 2.
Од оваа сезона е член на Еурофарм Пелистер и веќе е стандарден член во тимот предводен од Рубен Гарабаја.