Откако со одлука на Владата во 2012 година Лино Червар доби македонски пасош, тој се уште се користи од хрватскиот тренер.
Токму со него влегол во Македонија кога патувал од Загреб за Охрид. Во меѓувреме го сменил со нов, со новото име на државата, и повторно го користи.
„Кога пристигнав на пасошката контрола, и го дадов македонскиот пасош, цариниците со насмевка ми посакаа „добредојде Лино“. Ме препознаваат, и тоа многу ме радува, вели Лино Червар кој во моментов е во Охрид како промотор на турнирот „Крсте Андоновски“, и истовремено ја промовираше својата нова книга.
Лино секогаш истакнувал дека Македонија е неговата втора татковина. Освен што беше тренер на Металугр со кого двапати стигна до четвртфиналето на Лигата на шампионите. Исто така беше и селектор на Македонија, и ја водеше на СП 2017.
Како промотир на турнирот во Охрид, Червар ги следи сите натпревари во салата, и секогапе расположен да поразговара со посетителите, да сподели некоја занимливост и секако да се фотографира.