Германскиот гигант Фленсбург ја пикираше новата ѕвезда на данскиот шампион Алборг, Мадс Хоксер.
Десниот бек кој има 24 години и во 2022 година дојде во Алборг, веднаш ги покажа своите квалитети и го привлече вниманието на останатите екипи.
Хоксер од идното лето би требало да му се придружи на неговиот сонародник Никлас Киркелоке во Фленсбург, кој сега игра во пар со Кент Робин Тонесен.
Алборг оваа сезона остана без два десни бека – Џек Турин се пресели во Монпелје, а Мартин Ларсен ја заврши кариерата, па доколку остане и без Хоксер наредното лето, ќе мора добро да пазари на оваа позиција.