Тимот на Лајпциг го затвори летниот трансфер период со ангажман на искусен интернационалец – египетскиот репрезентативец Ахмед Каири. 30-годишниот среден бек потпиша договор до крајот на сезоната 2025/26.
Како последно засилување за ова лето во тимот на екс пелистерецот Раул Алонсо, Каири носи огромно меѓународно искуство, особено во организацијата на играта и прецизните асистенции – квалитети кои ги покажа на бројни настапи на светската сцена.
Клупската кариера ја започна во Каиро, во Ал Газира, а во 2018 година премина во Ал Ахли. Две години подоцна за првпат замина во Европа, каде што настапуваше за Стеауа и Динамо Букурешт.
Со Динамо Букурешт во сезоната 2021/22 играше во Лигата на шампиони, каде што постигна десет гола, додека со селекцијата на Египет играше на повеќе големи натпреварувања.