Мец ја врати Смитс по пет сезони

Францускиот првак Мец официјално го потврди потписот на германската репрезентативка Ксенија Смитс на една сезона.

Искусната ракометарка, која е една од клучните во германската репрезентација, се враќа во „жолто-синиот“ дрес по пет години пауза.

Смитс беше столб на Мец од 2015 до 2020 година, оставајќи силен белег во клупската историја со своите одлични квалитети.

По заминувањето, во Германија беше еден од двигателите на Битигхајм, кој подоцна се трансформираше во Лудвигсбург – клуб кој за жал го снема од женската ракометна сцена.