Беспарица во францускиот ракомет – уште еден клуб исфрлен во Трета лига!

Финансиската криза во францускиот ракомет зема нова жртва. Женскиот клуб Лом, кој минатата сезона го оствари најголемиот успех во својата историја со петто место во Втората лига, е административно исфрлен во Третата лига, поради тешка финансиска состојба.

Според француските медиуми, вкупниот долг на клубот од предградието на Лил изнесува околу 180.000 евра, вклучувајќи и заостанати плати. Иако Лом веќе неколку сезони се соочуваше со финансиски предизвици, досега успеваше да ги амортизира без сериозни последици. Но, овојпат Националната комисија за контрола и управување при Ракометната федерација на Франција донесе строга одлука – директно исфрлање.

Лом не е единствен случај. Само пред еден месец, истата судбина ја доживеа и Мерињак, кој заврши на деветтата позиција во Супер женската лига. Пред две години, на овој клуб му беа одземени пет бодови поради финансиски неправилности, а минатата сезона правно успеа да остане во елитата благодарение на тоа што Сел Сир Бел беше префрлен во Втората лига.

Сепак, и Сел Сир Бел неодамна се најде на удар – и покрај вложената жалба, федерацијата ја отфрли, па клубот исто така ќе се натпреварува во трета лига.

Уште три клуба се под истрага и би можеле да бидат исфрлени во Втората лига.