Сара Стефаноска дебитираше за романскиот Залау

Македонската репрезентативка Сара Стефаноска го имаше своето деби за новиот клуб – романскиот Залау.

Залау играше на меморијалниот турнир „Ромео Илие“ во Бузау и запиша една победа и еден пораз.

На првиот меч, Залау го совлада составот на Галаци со 33-25, а Стефаноска беше стрелец на еден погодок.

На вториот натпревар, Залау беше убедливо поразен од Корона Брашов со 37-28, а македонската репрезентативка имаше четири реализации.

Стефаноска ќе работи под палката на искусниот и докажан романски стратег Георге Тадичи и сигурно ќе има можност за напредок во кариерата.