Женската кадетска репрезентација на Македонија денеска го игра последниот натпревар од групната фаза на Европското првенство во Црна Гора.
Ривал на избраничките на Даниела Новеска ќе биде селекцијата на Португалија, која исто како и Македонија запиша два порази од Германија и Словачка.
Натпреварот меѓу Македонија и Португалија се игра вечерва од 19:30 часот во салата „Морача“ во Подгорица.
Судии на овој меч ќе биде Естонците Ерик Макејев и Едвин Харгин, додека делегати се Марија Вагволѓи од Унгарија и Тијана Мартиновиќ од Босна и Херцеговина.
Без разлика на исходот од дуелот, Македонија и Португалија ќе продолжат во групата за разигрување за пласман од 13 до 24 место на ЕП.