Поранешниот француски репрезентативен голман, Венсен Жерар, официјално ја заврши својата блескава играчка кариера, но нема да се оддалечи од ракометот. Искусниот 37-годишен чувар на мрежата ја прифати понудата на женскиот шампион на Франција – Мец, каде од следната сезона ќе работи како тренер на голманки.
Жерар е еден од најпрепознатливите голмани на својата генерација. На почетокот ја делеше минутажата со легендарниот Тјери Омејер, а потоа ја имаше улогата на прв голман на Франција. Со националниот тим освои бројни медали на европски и светски шампионати, вклучително и злато на Олимписките игри.
Клупската кариера му е исто така импресивна – настапуваше за Монпелје, Кил, ПСЖ, а кариерата ја заврши минатата сезона како член на Барселона, со која освои уште една титула во Лигата на шампионите.
Сега, Жерар ја започнува новата фаза од својата ракометна приказна – како тренер, и тоа во еден од најуспешните женски клубови во Европа. Мец е редовен учесник во Лигата на шампионите, а од Жерар се очекува да го пренесе своето искуство и знаење.