Станковски прозиваше, Куманово тргна со тренинзи

Тимот на Куманово ги започна подготовките во пресрет на новата натпреварувачка сезона во Супер лигата.

Под водство на новиот тренер Аце Станковски, кумановскиот суперлигаш има амбиции за место во плеј-офот, а за таа цел донесе неколку засилувања.

Костурот од минатата сезона е задржан, а ангажирани се квалитетни засилувања како Тоше Ончев, Александар Стојков…

Подготовките до стартот на сезоната ќе се одвиваат во Куманово, а исто така како дел од подготвителниот период се планирани и неколку пријателски средби за што подобро воигрување на тимот.