Тимот на Зрињски Мостар, промовираше четири нови засилувања за претстојната сезона во која ќе влезе со зголемени амбиции.
Меѓу нив се и двајца ракометари, кои дел од својата кариера градеа во македонскиот шампионат во претходниот период.
Станува збор за кружниот напаѓач Драган Шољиќ, кој по една сезона во Бутел Скопје се враќа дома и ќе игра за Зрињски. Тој претходно настапуваше и во Асобал лигата, во тимот на Адемар Леон.
За Зрињски Мостар потпиша и Божидар Симиќ, некогашен член на Радовиш и Вардар Јуниор. Тој потоа играше во Босна и Херцеговина, па за Кур од Азербејџан, а сега одново ќе игра во БиХ.
Тимот на Зрињски Мостар е првиот клуб, во кој легендарниот Игор Карачиќ, ја започна играчката кариера.