Новиот суперлигаш Еурофарм Пелисте 2 денеска ги стартуваше подготовките за претстојната сезона во која одново ќе игра во елитната конкуренција.
Во составот на Александар Зарков ќе има десет нови имиња, а од Битола заминаа петмина ракометари.
Црногорците Василије Печурица и Богдан Мијушковиќ, Никола Блажевски, Марко Димовски и Дејан Југовски не се повеќе членови на вториот битолски тим.
Зарков ќе смета на младинските репрезентативци Славчо Шулески и Јован Даневски (Тиквеш), потоа на Баптист Одифред (Даипо Стип, Јапонија), Илија Илијевски (Вардар Неготино), како и на Мелин и Алдин Фехми, Иван Велески, Леонид Лозановски, Лука Ѓорѓиевски, Андреј Дамчевски и Стефан Лазаревски кои дојдоа од младинската екипа.
Зарков прозиваше, Еурофарм Пелистер 2 почна со тренинзи за камбекот во елитата