Мечкароски и Савески верни на Струга

Раководството на Струга полека го комплетира играчкиот ростер за претстојната натпреварувачка сезона во суперлигашкото друштво.

Двата организатори на играта Филип Мечкароски и Бобан Савески ставија потписи на новите договори и ќе останат во Струга и наредната сезона.

Претходно стружани ги задржаа Војо Кљеноски, Филип Пајкоски, Ненад Костоски, Дамјан Тутенкоски, Филип Талевски…

Досега клубот се засили со голманот Александар Ѓурѓевиќ и десниот бек Габриел Гуедеш, а допрва треба да биде промовиран и новиот стратег.