Србите најавуваат: „Нинџата“ Хеидарирад пред портите на Еурофарм Пелистер

Иранскиот голман Сеид Хеидарирад би можел да го засили македонскиот шампион Еурофарм Пелистер претстојната сезона.

Според српските медиуми, Хеидарирад кој се раздели со Партизан пред истекот на договорот, се наоѓа пред потпис со битолскиот тим.

Популарниот „Нинџа“ од Иран цели седум сезони го бранеше голот на романскиот Динамо Букурешт, пред минатата сезона да се пресели во Партизан.

Српскиот првак се откажа од неговите услуги и реши да се потпре на Никола Зориќ и Андреј Трнавац, кој во меѓувреме дојде од Војводина.

Битолчани ги имаат во составот на Никола Митревски и Давид Брестовац, но посакуваат уште еден чувар на мрежата во сезоната што носи многу предизвици.

Еурофарм Пелистер досега ги донесе пивотот Калед Валид, десното крило Рудолф Хекбарт, десниот бек Анжеј Видомски, левиот бек Ник Хенигман и средниот бек Мирче Калајџиески.