Некогашниот член на Вардар, Алекс Душебаев, следното лето ќе си замине од полскиот вицепрвак Келце по седум сезони.
Според „Handball Basse“, шпанскиот десен бек би можел да го засили бундеслигашот Кил, но можеби нема да биде сам.
Со него „во пакет“ може да замине и неговиот татко, Талант Душебаев, кој има договор со Келце до 2028 година. За неговите услуги Кил ќе мора да плати оштета, ако сака да го види на клупата.
Минатото лето, голманот Андреас Вулф, кој исто така имаше договор до 2028 година со Келце, се пресели во Кил. Договорот на актуелниот тренер на Кил, Филип Јиха, истекува наредното лето.
Исто така и третиот член на семејството Душебаеви, левиот бек Дани, заминува следното лето од Келце, но за него нема информации која би била новата средина.