Раул Гонзалес се фати за работа во Србија

Новиот селектор на машката ракометна репрезентација на Србија, Раул Гонзалес, веќе ги засука ракавите и почна интензивно да работи, не само со сениорите туку и со помладите категории.

Шпанскиот стратег, кој со ПСЖ освои седум последователни титули во Франција, веќе е во Ковилово, каде што се подготвува кадетската репрезентација на Србија за Светското првенство во Египет следниот месец.

Од самиот почеток беше јасно дека Гонзалес нема да биде само селектор на А тимот, туку ќе има и пошироки ингеренции, координирајќи го и развојот на младинските селекции.

Гонзалес ќе биде со кадетите до крајот на Светското првенство, како поддршка и советник на селекторот Зоран Тодиќ. Српските кадети ја завршија првата фаза од базичните подготовки на Златар, а тимот сега тренира во Ковилово..

Покрај Гонзалес, како дел од неговиот тим е поранешниот вардарец и македонски репрезентативец Немања Прибак.