ЕП младинки: Познати сите четвртфиналисти – еве кои селекции се пласираа во ТОП 8

Со одигрувањето на последните натпревари од разигрувањето во главната рунда, познати се сите четвртфиналисти на Европското првенство за младинки во Црна Гора.

Покрај прво и второпласираните селекции од трите групи, место во ТОП 8 обезбедија и двете најдобро третопласирани – Унгарија и Австрија, додека Србија извиси.

Во четвртфиналето ќе играат Франција – Австрија, Хрватска – Шпанија, Данска – Унгарија, Германија – Црна Гора.

Сите останати ќе разигруваат за пласман од 9 до 16 место, односно од 17 до 24 место, а меѓу нив ќе биде и Македонија.