Денеска во седиштето на Европската ракометна федерација се одржа ждрепката за ЕХФ Европскиот Куп и Лигата на шампионите во машка и женска конкуренција.
Тимот на Куманово за ривал во второто коло го доби составот на Каскада Гарлијава од Литванија и против овој клуб ќе бие битка за место во третото рунда.
Првиот натпревар Куманово ќе го игра на гостински терен, додека реваншот е во Куманово.
Првите натпревари од второто коло се закажани за 26/27 септември, додека вторите дуели ќе се одиграат на 04/05 октомври.
Покрај Куманово, македонски претставници во ЕХФ Европскиот Куп се Чаир, Металург Автокоманда и Ѓорче Петров.