Металург Автокоманда доби ривал од Луксембург

Денеска во седиштето на Европската ракометна федерација се одржа ждрепката за ЕХФ Европскиот Куп и Лигата на шампионите во машка и женска конкуренција.

Тимот на Металург Автокоманда за ривал во второто коло го доби Диферданж од Луксембург и против овој клуб ќе биде битка за место во третото рунда.

Првиот натпревар Металург Автокоманда ќе го игра на домашен терен, додека реваншот е на гости во Луксембург.

Првите натпревари од второто коло се закажани за 26/27 септември, додека вторите дуели ќе се одиграат на 04/05 октомври.

Покрај Металург Автокоманда, македонски претставници во ЕХФ Европскиот Куп се Куманово, Чаир и Ѓорче Петров.