„Стартот за во затвор“ ќе го плати и со евро-суспензија!

Судот на Европската ракометна федерација донесе одлука во постапката за признавање на санкција по барање на Австриската ракометна федерација.

Играчот Иван Хорват е суспендиран од страна на Австриската федерација на период од 12 месеци, поради неспортско однесување на натпревар од австриската национална лига во мај 2025 година.

Во неговиот неспортски фаул беше проценета намера по која противничкиот играч Маркус Мер заврши во болница со повеќе скршеници на носот, а крв имаше насекаде на теренот.

Во 42. минута од двобојот, при резултатот 20-20, Хорват со рака го удари во лицето Мер, кој падна како покосен. Судиите веднаш покажаа црвен картон, а потоа и син картон бидејќи оценија дека се работи за груб неспортски старт.

„По разгледување на целокупната документација, Судот на ЕХФ утврди дека изречената санкција е во согласност со општите правни начела и со правилниците на ЕХФ. Поради тоа, ЕХФ ја признава суспензијата и потврдува дека Иван Хорват нема право на настап во натпреварувањата под организација на ЕХФ, како и во сите натпреварувања организирани од членките на ЕХФ – и на клупско и на репрезентативно ниво – до 30 април 2026 година“, се вели во објавата на ЕХФ.

Сепак, последните шест месеци од суспензијата се условни, што значи дека Хорват ќе има право на натпреварување од 1 ноември 2025 година, доколку не стори нов прекршок.

Старт за во затвор – Хрват доби суспензија од 26 месеци!