„Трофеј Македонија“ во септември во Охрид – познати се учесниците!

Ракометната федерација на Македонија ја потврди организацијата на „Трофеј Македонија“, пријателски турнир со репрезентативен карактер.

Во женската ЕХФ недела од 15 до 21 септември, Македонија ќе биде домаќин на уште три репрезентации во Охрид.

Во СРЦ „Билјанини Извори“ ќе гостуваат африканските селекции Тунис и Египет, како и репрезентацијата на Грција, a ќе се игра по системот секој со секого.

Овој турнир ќе биде добра подготовка за стартот на квалификациите за ЕП 2026 година и октомвриските дуели со Германија и Словенија.