Легендата на шпанскиот ракомет, Даниел Сармиенто, на 41-годишна возраст официјално ја заврши својата играчка кариера.
Поранешниот плејмејкер на Барселона и репрезентативец на „fуријата“ реши да ги закачи „патиките на клин“ и да премине во тренерските води.
Галдар, клуб од пониските шпански лиги, е местото каде што Сармиенто ја започна и ја заврши својата богата кариера, а сега ќе започне и тренерска.
Во текот на кариерата со Барса освои шест титули во Асобал лигата, како и две во Лигата на шампионите.
„Горд сум на сè што постигнав во кариерата. Ракометот ми даде сè – време е да му вратам преку тренерската работа“, изјави Сармиенто.
Покрај Барса, во богатата кариера Сармиенто играше и за францускиот Сен Рафаел и полската Висла Плоцк.