Teшки времиња за словенечкиот Крим – заминаа скоро сите интернационалки!

Еден од најголемите ривали на некогашниот Кометал Ѓорче Петров, словенечкиот Крим, преживува тешки времиња.

Со намален буџет на сметка на машкиот тим Слован Љубљана, Крим го напуштија сите интернационалки и тренерот Амброш Мартин, но и двете најдобри словенечки ракометарки.

Ана Грос замина за Брест Бретањ, Тјаша Станко потпиша за Ѓер, додека Јованка Радичевиќ ја заврши кариерата.

Итана Грбиќ се врати во Будуќност, додека Барбара Аренхарт ќе брани за унгарскиот Мошонмаѓаровар. Дресот на Крим повеќе нема да го носат ниту Џенифер Гутиерес, Хана Н’Дијае, Бечаидел Н’гомбеле, Татјана Брновиќ…

На местото на Амброш дојде младиот Словенец Жига Новак, а тимот досега промовираше само три млади домашни ракометарки – Ема Марковиќ, Лана Пунцер и Тигана Конговшек.

Иако Крим има место во Лигата на шампионите наредната сезона, тешко дека ќе се замеша во битката за осминафиналето.